Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Само 6 состојки! Најлесен рецепт за домашна гранола што секој може да ја направи

Гранола е назив за тостирани и засладени овесни снегулки измешани со јаткасти плодови, семиња и суво овошје што се служат со млеко или со јогурт за појадок или десерт…

Гранола е многу вкусно јадење полно со хранливи материи што прво го измислил американскиот лекар Џејмс Калеб Џексон во средината на 19 век.

Денес на пазарот може да се најдат различни видови на гранола, но овој производ е многу лесен за подготовка во вашиот дом. Одлично решение е кога сакате да се ослободите од одредена храна што е при крај на рокот на траење.

Ви претставуваме лесен рецепт за подготовка на домашна гранола која лесно може да се прилагоди на вашите желби и вкусови.

Состојки за гранола:

360 грама овесни снегулки (тврди)

140 грама бадеми

120 грама кокосово масло

120 грама мед

100 грама ореви

100 грама суво грозје

Подготовка:

1. Во сад измешајте ги овесните снегулки со сецканите бадеми и ореви.

2.  Растопете го кокосовото масло и промешајте убаво заедно со медот.

3. Истурете го засладеното кокосово масло во сад со овесните снегулки и добро измешајте ги сите заедно.

4. Пренесете ја смесата во плиток плех за печење и премачкајте ја во еден тенок слој.

5. Ставете ја гранолата во загреана рерна на 160 степени Целзиусови околу 15 минути. Промешајте неколку секунди и вратете ја во рерна уште 10 до 15 минути додека не сè тостира (подготви) по ваш вкус.

6. Извадете ја гранолата, со цел да се излади, а потоа измешајте ја со суво грозје.

7. На мали парчиња гранолата ја чувате во стаклена тегла и на суво место. Послужете со млеко или јогурт и свежо овошје по желба. Добар апетит!

Совет плус:

Ова е рецепт што може да се прилагоди на индивидуалните желби и потреби. Не сакате ореви? Наместо тоа, ставете лешници, индиски ореви или дури и кикирики. Бројни семиња како тиква или сончоглед се исто така достапни. Дали сте веган? Наместо мед, користете јаворов сируп, сируп од агава или слични засладувачи од растително потекло.

Не сакате суво грозје? Во гранолата додадете суви кајсии, сливи или дури и гоџи бобинки. Немате кокосово масло во куќата? Можете дури и да користите маслиново масло или путер од ореви. Ова е основен рецепт со кој можете да експериментирате колку што сакате.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Најновиот дом на брендот Versace сака да го направи вашиот ентериер уште помодерен … Италијанскиот луксузен бренд штотуку ги отвори вратите на својата нова...

Fool Moon

Во последната година видовме дека се сменија многу од она што го знаевме. Сепак, некои работи и понатаму остануваат исти. Социјалните мрежи сè уште...

Green Tea

Ви откриваме сè што треба да знаете! Во заедницата на нутриционисти, познати по специјалните хранливи состојки, но и разни животински и растителни производи што...

Cotton Club

Во свет каде што зборовите пандемија, карантин, вакцина и ограничувања се користат почесто отколку што би сакале, модата нè потсетува дека треба да се...

Advertisement