Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Рецепт на денот: Киноа со зеленчук

Кај нас, таа е сè попопуларна намирница што најчесто ја класифицираме како житарица, иако не е. Киноата се смета за алтернатива на многу зрнести плодови, бидејќи не содржи глутен. Станува збор за плод на растение поврзано со блитва, спанаќ и слични зелени зеленчуци. Има низок гликемиски индекс, богат е со протеини (100 гр киноа содржи 14 гр протеини), а исто така одличен извор на витамини и минерали. Сите овие здраствени придобивки се повод да ја вклучите во вашата дневна исхрана.

Состојки:

200 гр црвена киноа
1 мал морков
1 мала тиквичка
1 мала модар патлиџан
половина црвена и жолта пиперка
кромид
2 домати
50 гр фета сирење
неколку свежи лисја од магдонос
3 чешниња лук
сок од 2-3 лимони
маслиново масло,
сол и бибер по вкус

Подготовка:

Ставете во длабок метален сад вода и киноа со малку сол да поврие неколку минути, намалете ја температурата и варете 10 минути, исклучете ја ринглата и оставете да отстои, така што киноата потполно ќе ја апсорбира целата вода. Протресете ја смесата со вилушка.

Исечете морков и кромид на помали коцки, тиквички и модар патлиџан на коцки, пиперки на тенки парчиња и испечете сè во тава со малку маслиново масло. Во подлабок сад, комбинирајте ја киноата со зеленчук, додадете го исечениот домат, зачинете со лимонов сок, маслиново масло, сол, бибер и посипете со ситно исецкани лисја од магдонос. Измешајте сè добро и оставете го во фрижидер неколку часа за да ги комбинирате вкусовите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Кити Спенсер важи за наследничка на Дијана кога станува збор за убавината, бидејќи неодоливо личи на својата тетка, а исто така кога е вкусот...

Four Seasons

Се сеќавате на сцените од американски филмови? Бескраен пат и пространство, а пред вас на хоризонтот само овие масивни планини со огнени бои. Нека...

Fool Moon

Луѓето честопати ја мешаат депресијата со тага, недостаток на надеж и слични состојби. Научете да ги препознавате главните симптоми на оваа ментална состојба. Научете...

Green Tea

Не е добро сè што гледаме на Инстаграм, колку и да е тоа во тренд, но излгеда дека матча (мачата) билката е тука за...

Advertisement