Појадокот и потребната утринска доза кафе комбинирајте ги во еден одличен чиа пудинг…
Можете да бидете креативни при подготовката, а најдобро е да го подготвите претходната вечер и да го консумирате од фрижидер наутро.
Состојките се доволни за две обилни порции или четири помали, што значи дека пудингот можете да го јадете и за појадок и за десерт. Најдобро е да го подготвите претходната вечер, да го ставите во фрижидер и едноставно да го земете наутро. Рецептот можете лесно да го прилагодите на вашата исхрана и да го замените медот со друг засладувач, а кравјото млеко со кокос или бадем. Можете да додадете и неколку кришки банана, парчиња чоколадо и да послужите со лажица шлаг.

Состојки:
200 мл ладно кафе
1 лажица млеко
2 лажици мед
8 лажици чиа семе
1/2 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки, поделете ги во шолји и ставете ги во фрижидер. Оставете го чиа пудингот да отстои четири часа или повеќе. Послужете со шлаг и рендано чоколадо или кокос.