Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Производи кои можат да направат повеќе штета отколку добро: Не сите од нив се здрав избор…

Внимавајте и не верувајте во се што ви се продава под слоганот „здрава замена“.

Секогаш кога ќе решиме да ја корегираме исхраната, посегнуваме по намирници кои ни се чини дека се поздрави варијанти на она на што дотогаш бевме навикнати. Иако одреден производ се рекламира како некалоричен, полн со протеини и слично – тоа не мора да е точно. Ќе се изненадите кога ќе откриете дека повеќето намирници означени како здрави се се освен тоа, пишува порталот „Фемина“.

Печен чипс
Повеќето луѓе претпоставуваат дека печениот чипс е здрава алтернатива за пржениот чипс, но тоа е далеку од вистината. Бидејќи на печената варијанта му недостасуваат маснотии, често е полна со повеќе натриум.

Затоа секогаш е потребно да се проверуваат состојките и хранливата вредност на декларацијата на пакувањето.

Сокови со нула калории
Луѓето се вртат кон диетални газирани пијалоци за да уживаат во пијалокот без да додаваат голема доза на калории. Иако диеталната сода не содржи шеќер и има нула калории, редовното консумирање на диетална сода може да доведе до дијабетес, замастен црн дроб и срцеви заболувања.

Во ред е да го консумирате еднаш одвреме-навреме, но секако не секој ден.

Овошен јогурт
Иако јогуртите се секако здрав додаток на пробиотик, нивните засладени верзии не се. Ароматизираните јогурти можат да содржат огромни количини шеќер што лесно можете да ги избегнете.

Затоа изберете незасладен јогурт и прелијте ги со свежо овошје за природна сладост и крцкање.

Протеински плочки
Луѓето земаат протеински плочки мислејќи дека тоа би можело да го задоволи нивниот глад и да им ги обезбеди многу потребните протеини, но тоа не е точно. Овие шипки често се полни со вештачки засладувачи, вештачки бои, масла и конзерванси, што не е нешто што сакате да го внесете во вашето тело.

Затоа треба да ги изберете оние без засладувачи, а уште подобро е да изберете свеж зеленчук, мешунки или јаткасти плодови.

Спортски и енергетски пијалоци
Спортските и енергетските пијалоци се пијалоци кои ја зголемуваат вашата енергија и атлетските перформанси. Овие пијалоци се полни со шеќер, вештачки бои и големи количини на кофеин. Премногу шеќер може да доведе до здравствени проблеми како што се висок крвен притисок, замастен црн дроб и дебелина.

Би било многу препорачливо да се внимава на содржината на овие пијалоци или едноставно да се хидрира со вода.

Леб од цело зрно
Ние често го сметаме секој леб со повеќезрнест или цело зрно како здрава одлука. Но, повеќето лебови се направени од рафинирани зрна кои не содржат влакна од цели зрна. Не заборавајте да ја проверите задната страна на производот и да ги скенирате состојките пред да купите леб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Прекрасни карпести формации, планини со вулканско потекло и оние чии врвови се покриени со снег и мраз… Саудиска Арабија го нуди сето ова и...

Wall Street

Вселенските ентузијасти можат да имаат можност да додадат дел од историјата во нивната колекција… Во јули 1969 година, американските астронаути Нил Армстронг и Баз...

Fool Moon

Актерката Кирсти Ели почина вчера по битка со ракот.Актерката Кирсти Ели почина вчера на 71-годишна возраст по битка со ракот. Тажната вест ја потврдија...

Fool Moon

Латино пејачката пред 20 години го издаде албумот „This Is Me… Then“, а сега доаѓа да и покаже на публиката каква е денес, преку...

Advertisement