За многу познати личности, борбата против вишокот килограми се одвивала под светлосни рефлектори, а нивната трансформација ги изненади сите.
Една од нив е американската актерка и водителка Рики Лејк, која ја започна својата кариера како дебелка девојка во филмот „Hairspray“ од 1988 година.
Таа, како и многу жени, пробувала разни диети, но својата магична формула за успех ја открила дури по 2010 година, кога успеа да ослабе 58 килограми со помош на правилна исхрана и вежбање.
„Не е лесно. Јас не сум супер жена, но ако можам да ослабам, тогаш можете ѝ вие. Исто така, не мора да правите ништо екстремно. Не мора да одите на операција, не мора да го поминувате целиот ден во теретана. Треба само да бидете доследни и да бидете пријател на себе, а не непријател“, додаде таа.
Додека пејачката Адел изненади со својата трансформација. Славната Британка неодамна се појави во емисијата „Saturday Night Live“ и ги покажа резултатите од наводно ригорозната и строга диета.

„Знам, изгледам многу поразлично откога последен пат ме видовте. Но, за жал, поради Ковид и ограничувањата морам да патувам со мал багаж и да носам само половина од себе, а оваа е половина што решив да ја земам со мене“, се пошегува Адел на свој трошок.
Телевизиската продуцентка и сценаристка Шонда Рајмс изгуби скоро 70 килограми во обид конечно да го подобри своето здравје.
„Не ослабев затоа што мислев дека ќе бидам убава како во филмовите. Јас го сторив тоа затоа што не можев повеќе да се качувам по скалите без да застанам и да ми капе пот од веѓите. Јас го направив тоа затоа што моето тело физички се бунеше против мозок кој предолго го игнорираше овој проблем“, призна Шонда.
Џенифер Хадсон Кели Озборн призна дека изгубила 36 килограми со помош на операција на желудникот