Ева Лонгорија не престанува да ја воодушевува јавноста со фотографии во костим за капење. Актерката која се прослави со серијата „Очајни домаќинки“ никогаш не изгледала подобро, а повеќе од јасно е дека напорните тренинзи, како и намалената и здрава исхрана се исплaтеле.Ева сфатила дека е време нешто да промени кога на вагата се покажало 20 килограми повеќе, иако на почетокот не внимавала на килограмите кои ги добила за време и по бременоста. Сепак, како што самата кажа, и било важно да биде здрава и за неа и за нејзиниот син, па прво ја намалила исхраната, а потоа се фрлила на тренинзи.

Актерката истакнала и дека вежбала автофагија, па логично е зошто резултатите не би можеле да изостанат.
Ева сега изгледа подобро отколку на почетокот на кариерата, а новите фотографии од плажа само докажаа дека трудот се исплати.

Актерката сè уште се придржува до здравите навики, вклучувајќи го и пиењето пијалок секое утро на празен стомак кој и дава енергија и и помага да остане сита долго време.

Покрај тоа, тоа влијае и на нејзиниот имунитет, го забрзува метаболизмот и конкретно ги таргетира вишокот наслаги на стомакот.
Состојки:
Портокал
Лимон
Зелен лимон
Свеж ѓумбир
Куркума
Meд
пиперка
Подготовка:
Излупете ги агрумите и ѓумбирот, исечете сè помало и додадете ги во блендерот. Додадете куркума, малку мед и пиперка по вкус. Добро сомелете и по желба процедете пред консумација.Овој вид на пијалок ќе ви го обезбеди потребното количество витамини, а со оглед на тоа дека цитрусното овошје и ѓумбирот се одлични сојузници кога станува збор за слабеење, не е чудно што Ева во иднина не се откажува од овој напиток. Топла пиперка на сето тоа му дава посебен вкус, а експертите веќе долго време зборуваат за овој зачин како уште една моќна состојка за отстранување на масните наслаги, а за тоа дека нешто вакво и колку е делотворно сведочат и фотографиите на актерката која воодушевува со својата фигура. каде и да се појави:
