Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Ослабете за кратко време: Диета со маслинки за брзо губење килограми

Диетата е специфична по тоа што се користи само маслиново масло и тоа само три лажици дневно.

Маслинките можеби не се на сите омилена и секојдневна храна, но нема сомнеж дека се здрави.

Во последните години вниманието го привлекува медитеранската исхрана како „златна средина“ за внесување на сите потребни материи.

Затоа, не би било лошо да ја испробате оваа диета, која сигурно ќе ве задоволи доколку сте љубители на овој прекрасен зеленчук.

Инаку, оваа диета трае само пет дена и никако не треба да и се препуштате пред да се консултирате со лекар.

План за исхрана
За појадок и вечера јадете мешана салата, која ќе содржи: 40 грама зелена салата, две големи свежи краставици, 40 грама зелени маслинки, една зелена пиперка, еден домат, свеж босилек, индиски ореви, малку вински оцет, маслиново масло и рукола од 40 грама. Солта не ви е потребна.

Маслинките што ќе ги користите може да бидат зелени и црни маслинки, но важно е да се исечкаат.

Исто така, не заборавајте дека црните маслинки содржат повеќе калории од зелените, па затоа зелените се препорачуваат за подобар ефект.

За ручек јадете житарки од: интегрален ориз, овес, хељда или јачмен.

Можете да ги прелиете со млечни производи, како јогурт, кефир, млеко без млечни масти, но сето тоа во помали количини.

Дозволена е и риба, но во помали количини, приготвена без масло.

Пијте многу вода помеѓу оброците. Диетата со маслинки е специфична по тоа што се користи само маслиново масло и тоа само три лажици дневно.

Јаткастите плодови, како бадеми, лешници или ореви, можете да јадете само 50гр, а најдобро е наутро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement