Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Омлет без јајца: Од брашно од наут со намаз од авокадо и сезонска салата

Оваа сочна веганска кајгана е направени од брашно од леблебија и лен, а ароматизирана е со куркума и лук. За 5 минути добивате едноставен, хранлив и здрав појадок или вечера!

Состојки за 4 поголеми омлети:

  • 150 гр брашно од наут
  • 2 лажици мелен златен лен
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка куркума во прав
  • 1 рамна лажичка лук во прав
  • 1 рамна лажичка нутритивен квасец
  • сол и бибер, по желба

Постапка за подготовка:

Во длабок сад измешајте го брашното со другите состојки и постепено додавајте, мешајќи, околу 200 мл вода за да добиете густа рамномерна смеса. Оставете да отстои околу 10 минути, а пред печење, доколку е потребно, додадете уште малку вода. Смесата од омлет треба да биде доволно густа за да се истури во тавата.

На среден оган, додадете малку масло во загреаната тава и истурете ја смесата да го покрие дното. Печете неколку минути додека не порумени, потоа свртете внимателно и печете од другата страна.

За намазот од авокадо: изгмечете едно големо авокадо со вилушка, додадете свежо исцеден сок од една лимета, малку сол и бибер и премачкајте половина од омлетот.

Ако сакате, додадете сезонска салата, никулци од ротквица или друг зеленчук, посипете со печени бадеми и послужете го топло.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Многу сопственици на куќи денес, барем оние што можат да дизајнираат свој дом, избираат винарски визби како една од клучните простории… Кога треба да...

Wall Street

Просторот за криптовалути сега вреди над 2 трилиони долари, и сите од производители на автомобили од висока класа до луксузни туристички компании се борат...

Fool Moon

Пинк често се смета за женствена, несериозна, нежна, романтична … но низ историјата ја носеа моќни жени кои беа незаборавни во фустани во различни...

Cotton Club

Новиот простор од 800 квадратни метри ќе го содржи најдоброто од овој бренд, вклучувајќи колекции Ready-to-Wear, чанти, чевли и додатоци. Исто така, ќе содржи...

Advertisement