На љубителите на кафе навистина не им треба причина да се препуштат во уживањето во својот омилен пијалок, но во случај да сакате да ја оправдате таа „уште една“ шолја, можеби ќе сакате да размислите како да ја направите покорисна за вашето здравје – со додавање еден од овие. „зачини“. Некои од нив се речиси природна и очекувана комбинација со кафето, но за некои можеби до сега не сте размислувале. Сè на сè, подолу се неколку идеи како кафето да го направите уште поздраво, но и повкусно.
Колаген
Колагенот е состојка која се смета за задолжителна доколку сакаме да ја подобриме состојбата на косата, кожата и ноктите, но тоа не е се – колагенот е и лесен начин да вклучите повеќе протеини во вашата исхрана. Колагенскиот прав е невкусен и целосно растворлив, па нема да го почувствувате ни во вашето кафе, што е одлично доколку не сакате да го промените вкусот на омилениот пијалок, но има и многу варијанти со вкус на располагање. Плус, Џенифер Анистон секое утро додава колаген во кафето – и знаеме како тоа изгледа!
Цимет
Додавањето цимет во кафето не е ништо ново, но е и вкусно и здраво. Истражувањата покажуваат дека циметот има антимикробни својства и е полн со антиоксиданси, дека може да го намали шеќерот во крвта, да ја подобри функцијата на мозокот и да го помогне варењето. Значи, и мирисот и вкусот и здравјето!
Путер
Кафето со путер или кокосово масло всушност може да биде многу здраво, сето тоа благодарение на антиоксидансите и омега-3 масните киселини кои го одржуваат нивото на енергија во текот на денот, и ја регулираат желбата за слатки.
Какао
Познато е дека какаото е богато со антиоксиданси кои можат да ги намалат воспалителните процеси и да ја подобрат функцијата на мозокот. И, не само што има здравствени придобивки, туку е и толку вкусен – совршен за домашната верзија на кафе мока!
Куркума
Можеби ви изгледа чудно, но познатиот жолт зачин со право може да се најде во вашето кафе. Куркумата содржи соединение наречено куркумин, кое е познато по своите антиинфламаторни својства и способност да ја ублажува болката. Исто така, куркумата е полна со антиоксиданси.
Суров мед
Медот е полн со витамини и минерали, антиоксиданси и хранливи материи. Доколку страдате од сезонски алергии, суровиот мед многу ќе ви помогне, особено ако е домашен, органски.
Екстракт од ванила
Природниот екстракт од ванила (или дури и зрно од ванила) содржи моќни антиоксиданси и може да има антиинфламаторно дејство. А, освен што дава интересен вкус на вашето кафе, екстрактот од ванила ја обезбедува и дозата на потребните минерали, магнезиум и калиум.