На социјалните мрежи голем хит се таканаречените хиперреалистични колачи, кои воопшто не личат на колачи, туку се еден вид оптички илузии на овошје, зеленчук, животни, човечки лица, разни предмети како играчки, чанти, мобилни телефони …
Таквите десерти често се прават од рафинирана или индустриски преработена храна и боја на храна, но има и такви направени целосно од природни состојки. Природата е најголемата инспирација за колачи Thyme for Tiffin направени од младиот креативец Имоген Розе.
Живеејќи во бујното зеленило на англиската провинција Јоркшир, Имоген собира билки, цвеќиња и бобинки во шумата и ливадите, благодарение на што нејзините колачи имаат препознатлив вкус и експресивни бои. Најголемо внимание привлече со вегански колачи кои изгледаат како да се попрскани со цвеќиња и обраснати со мов.
Пронајдете повеќе идеи на нејзиниот профил на Инстаграм и Фејсбук @thymefortiffin