Дали знаевте дека ова овошје е природен лек за холестерол, крвен притисок и циркулација? Во написот што следи откријте ги сите негови придобивки за организмот.
Според научните студии, урмите се вистинска суперхрана која го штити организмот од кардиоваскуларни болести!
Нејзините здравствени придобивки се многу широки, а еве ги најважните 8:
Богат со железо
Урмите се одличен извор на овој важен минерал, па затоа се препорачуваат за трудници, деца и луѓе кои боледуваат од анемија.
Спречува дијареа
Урмите се богати со калиум, кој ја олеснува работата на цревата и го поттикнува развојот на добрите бактерии.
Лечи запек
Урмите освен што спречуваат дијареа, го решаваат и проблемот со запек.
Одржува витка линија
Доколку сакате да спречите таложење на масни наслаги, обидете се да јадете по неколку урми секој ден на празен стомак, пишува HealthyDefinition. Но, внимавајте да не претерате со урмите – тие се полни со шеќер.
Холестерол во крвта се регулира
Урмите докажано го стабилизираат нивото на лошиот холестерол со чистење на крвните садови и имаат моќ да го спречат создавањето на згрутчување.
Витално срце
Редовното консумирање урми ја спречува појавата на атеросклероза, главната причина за срцев удар.
Регулација на крвниот притисок
Доколку патите од хипертензија, слободно можете да јадете урми, бидејќи тие не содржат натриум, а изобилуваат со калиум. Исто така, 6 урми содржат речиси 80 mg магнезиум, што е многу важно за здрава циркулација на крвта.
Спречува мозочен удар
Благодарение на калиумот што го содржи, урмите можат да спречат мозочен удар доколку редовно ги консумирате.