Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Најфит човек на светот јаде осум часа и „пости“ 16 часа: Со оваа диета сум поотпорен!

Американскиот професионален CrossFit атлетичар Рич Фронинг Џуниор, познат по тоа што стана првата личност што четири пати ја освои титулата „Најфит човек на Светот“. Откривајќи наизменичен пост, каде неговото тело е посилно и поотпорно.

Последната година и половина, Рич ги јадел сите свои оброци помеѓу 12:30 и 20:30 часот, давајќи му на организмот осум часа да ја преработи храната, а останатите 16 часа, тој се воздржува од храна. Рич изјави додека ја следел диетата, забележал дека тоа значително го подобрува неговото здравје.

„Открив дека ова всушност многу ми помага при воспаление, а мојот тестостерон се зголеми во наредните шест месеци“, изјави Рич за Men’s Health.

Но, освен неговото здравје, оваа „диета“ имаше големо влијание врз квалитетот на неговиот тренинг.

„Едноставно подобро се чувствувам. Проблемот што го имав претходно беше дека ќе јадам наутро, ќе бидам зафатен со тренинзи, а потоа можеби ќе имам шејк или два во текот на денот, бидејќи всушност не јадев ништо. Тогаш би јадел поголем оброк или два навечер. Кога требаше да дојде вториот тренинг, јас веќе бев истоштен“ – додаде Рич.

– Овој начин на јадење ме тера да јадам двапати на пауза помеѓу тренинзите, тоа е приближно околу 13:00 до 15:30 часот. После тоа се чувствувам многу подобро и подготвен сум за вториот тренинг, веќе не се чувствувам истоштено – вели Рич.

Науката дефинитивно го поддржува неговото искуство. Повремениот пост може да ги подобри физичките перформанси и детално опишува како мажите кои постеле 16 часа би можеле да изгубат маснотии со задржување на мускулите, објави универзитетот Џон Хопкинс. Испитаниците исто така забележале подобрувања во когнитивните перформанси, кардиоваскуларното здравје и помалку оштетувања на ткивата.

Откако се натпреваруваше повеќе од една деценија, неговиот нов план на исхрана го охрабри да продолжи со тренинзи и да се натпреварува интензивно.

„Заглавив пред две или три години, но ова всушност ми помогна. Се чувствувам многу подобро“ – изјави Рич.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Клаудија Шифер доби голема чест – создадена е нова кукла Барби според нејзиниот карактер! Како дел од роденденот на супермоделот (таа наполни 50 години...

Cotton Club

Како друштвените мрежи ја спасија модата за време на пандемската криза? Бидејќи земјите почнаа постепено да ги затвораат своите граници и да ги ставаат...

Fool Moon

Астрологијата досега ни објасни многу за хороскопските знаци – кои се нашите карактерни црти, кој има добра душа, кој е најубав, најпаметен … И...

Fine Living

Додека ограничената креативност е болка со која сите сме се соочиле во оваа пандемија, некои брендови ни даваат надеж дека светот сè уште оди...