Иако првата асоцијација на сите со нане е чајот, од ова делотворно растение можете да направите вкусен пијалок кој ќе ве освежи во наредните топли денови.
Во продолжение ви претставуваме домашен рецепт за сок од нане, кој не се готви, а кој едноставно се подготвува.
Состојки:
1 литар вода
100 гр нане
1 кг шеќер
1 кесичка лимононтус
Подготовка:
Нането измијте го и исечкајте ги листовите и ставете ги во тенџере со вода, па оставете да отстои 24 часа.
Потоа исцедете ги и додајте ги шеќерот и лимонтусот.
Оставете го шеќерот да се раствори, повремено мешајќи.
Кога шеќерот ќе се раствори, истурете го сокот во шишето.
Растворете го сирупот со вода и додадете ја саканата количина сируп.
На литар вода можете да ставите 10 до 15 лажици сируп.