Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Највкусна вечера за целото семејство: Полнети компири со чедар и сланина

Овој деликатес ќе ги разбуди сите ваши сетила. Подгответе го рецептот во продолжение и уживајте во него со целото ваше семејство.

Потребни состојки (за 4 лица):

– 4 големи компири

– маслиново масло

– 200 гр. чедар кашкавал

– 2 страка млад лук, ситно исецкан

– 100 гр. ситно исецкана сланина

– половина шолја кисела павлака

– една супена лажичка путер

– ¼ шолја млеко

– сол и бибер

Начин на подготовка:

1. Компирите со лушпа добро измијте ги и исушете ги, а потоа ставете ги во тава за печење и избоцкајте ги со вилушка на неколку места.

2. Прелијте ги со маслиново масло, посолете и ставете да се печат на 180 Целзиусови степени околу еден час.

3. По еден час извадете го компирот од рерна, пресечете го по должината и со лажичка (но, внимавајте лушпата да остане цела) извадете ја внатрешноста.

4. Содржината на компирите ставете ја во стаклена чинија и додадете го чедарот, младиот лук, сланината, млекото, путерот, павлаката, солта и биберот и сè добро промешајте.

5. Со смесата наполнете ги компирите до врвот, а на врвот ставете уште една лажичка павлака и наросете со ситно исецканиот лук.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Објавен е списокот #BestDiet2021. Медитеранската диета е најдобра во светот според US News & World Report, кој објавува список на најдобри диети на почетокот...

Cotton Club

YSL Beauty одлучи да го прослави крајот на една од најчудните години во последните децении, со најава за нови производи за шминка. Новата година...

Fool Moon

Бидејќи пандемијата сè уште трае, а бројот на случаи во соседна Италија се зголемува, Џорџо Армани одлучи да го задржи своето приватно шоу „Armani...

Route 66

Благодарение на неговите футуристички карактеристики, дизајнерскиот јазик на новиот концепт на мотоцикл неодоливо потсетува на зачудувачкиот модел на Aston Martin AMB 001, претставен минатата...

Advertisement