Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Мачата не е само тренд: Еве што треба да знаете за чудесниот зелен прав

Не е добро сè што гледаме на Инстаграм, колку и да е тоа во тренд, но излгеда дека матча (мачата) билката е тука за да ни докаже дека од време на време сепак можеме да најдеме нешто корисно, па дури и здраво на социјалните мрежи. О, да, сите тие зелени пијалоци се всушност мачата пијалоци во прав, но пред да свртите поглед кон фактот дека од скоро матча правот стана речиси редовен „гостин“ на сите кафетерии и продавници за здрава храна, знајте дека има нешто повеќе во овој тренд. Матча потекнува од Кина пред околу 4.000 години, а потоа го најде својот пат до јапонската традиција на пиење чај. Со таква позадина, ние едноставно знаеме дека здравствените придобивки мора да постојат!

Без разлика дали само планирате да го вклучите во вашиот живот или го користите некое време, еве што треба да знаете за чудесниот зелен прав!

За почеток, што е матча?
Матча се добива од лисја од зелен чај кои се одгледуваат во сенка за да се избегне директна сончева светлина. На овој начин, се зголемува содржината на хранливи материи, вклучително и аминокиселини и антиоксиданти и се добива производ богат со хлорофил. Со други зборови, матча е прашкаста, поконцентрирана верзија на светло зелен чај, земен вкус (да, не звучи толку примамливо) и високо ниво на антиоксиданси.

Кои се неговите придобивки?
Матча е позната по своето влијание врз забрзувањето на метаболизмот, но исто така и врз подобрувањето на когнитивните функции. Покрај тоа, тој се користи како алтернатива на кафето затоа што содржи кофеин, но во однос на тој пијалок има сосема различни ефекти. Некои истражувања покажаа дека матчата поттикнува помирна, порелаксирана енергија, а не анксиозност, па ако кафето влијае на вас на ист начин, можеби матча може да биде одличен, нов избор за вас.

Како што споменавме, матча содржи многу антиоксиданти и кога велиме многу, навистина го мислиме тоа – дури 137 пати повеќе од зелениот чај! Затоа, има позитивно влијание и на здравјето на мозокот и на здравјето на срцето. Бидејќи има специфична култура и потекнува од древните времиња, се верува дека матча носи енергија на Јин и Јанг што го крева расположението, притоа одржувајќи ја смиреноста.

Како да го консумираме?
Традиционалното подготвување чај од матча вклучува истурање на прав со топла вода, како што би подготвиле кој било друг чај во прав. Имајте на ум дека консумирањето матча не е само потреба да го обезбедите вашето тело со посакуваната доза кофеин, туку и здравје, туку е ценета церемонија која вклучува гостопримство и едноставност. Затоа, кога ќе одлучите да уживате во овој пијалок, оставете го тоа да биде пауза од секојдневниот, брз живот и тој момент можете да го споделите со драга личност. Можете да додадете мед или стевија во вашиот чај, ако ви се допаѓа посладок вкус, и ако сакате нешто покремасто, подгответе го вашето омилено „кафе“ со матча, а не со кафе, и веројатно ќе го добиете највкусниот и најблагиот лате на светот ! Интересно е што матча не мора да биде само пијалок, но можете да го додадете и во некои колачи, како што се брауни или мафини – екстра вкусно!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Хотелот Вила Хонег е единствен бутик хотел со 5 sвездички, сместен на планините во Бергенсток кај Луцерн, Швајцарија. Овој хотел датира од 1905 година...

Route 66

Порше ја проширува листата на премиум локации за патување на кои има американски полначи за Порше Тајкан. Историскиот хотел Марк Хопкинс Интерконтинентал Сан Франциско...

Fool Moon

Ѕвездите од серијата „Чарлиевите ангели“, четириесет и шестгодишната Дру и четириесет и деветгодишната Камерон, добија огромна поддршка и виртуелен аплауз од многу жени, вклучувајќи...

Cotton Club

Модната недела во Њујорк заврши со модна ревија на Том Форд, чија колекција го одразува жешкото исчекување на ноќните излегувања. Многумина од нас сѐ...

Advertisement