Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Летно јадење број 1: Најлесен рецепт за најсочни ќофтиња од тиквички

Ќофтиња или пржени топчиња од тиквички се идеален начин да го претворите овој зеленчук во вкусно јадење што ќе им се допадне на оние кои упорно тврдат дека мразат тиквички…

Ќофтиња од тиквички се вкусно вегетаријанско предјадење крцкаво однадвор и кремасто одвнатре, а рецептот за нивна подготовка е брз и лесен. Идеални се во секое време од денот, ги сакаат и возрасните и децата кои сигурно после првата стрвно ќе бараат повеќе.

Одлични се и топли и ладни, за дома или да се понесат на работа. Ако сте од оние на кои ќофтињата без месо се тотално бесмислени, слободно додадете им малку исечкана шунка, сланина, колбас или мелено мисиркино месо.

Состојки за ќофтиња:

400 гр тиквички
4 лажици рендан пармезан
1 чешне лук
100 гр леб (само средишниот дел)
50 мл млеко
1 јајце
2 лажици маслиново масло
нотка-две сол
малку пиперка

Дополнително:

4-5 лажици трошки од леб
масло за пржење

Подготовка:

1. Измијте ги тиквичките, исушете ги и исечете ги на помали коцки. Загрејте ја тавата, додадете маслиново масло и лесно испржете го мелениот лук во маслото. Додадете тиквички и гответе околу 10 минути. Изгаснете го огнот и оставете да се изладат.

2. Натопете ја средината од лебот во млеко и исцедете ја.

3. Измешајте го јајцето со рендано сирење, додадете ја средината на лебот, маслиновото масло, сол, бибер и тиквички и добро измешајте. Ако смесата е премногу мека и леплива, додадете неколку лажици трошки од леб.

4. Обликувајте ќофтиња, превртете ги во трошки од леб и ставете ги во фрижидер половина час да се оладат малку и да се зацврстат.

5. Извадете ги ќофтињата од фрижидерот и пржете ги во длабока тава на добро загреано масло.

6. Послужете како топло предјадење со вашиот омилен сос и сезонска салата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Кејт Мидлтон поминала прилично голема операција кога била во средно училиште. Додека студирала во Марлборо, открила грутка на левата страна од главата, за што...

Route 66

Дукати не брза кога е во прашање претставувањето на својот прв електричен модел, но кога конечно ќе бидат подготвени да се приклучат на електричната...

Four Seasons

Кога светот нуди толку многу прекрасни опции за незаборавни одмори, нема причина да се ограничите на одреден тип на искуство. Страста за сончаните плажи...

Fine Living

„Вила Лагуна драјв“ се наоѓа во Форт Лодердејл, Флорида, величествена и волшебна вила лоцирана на рамна лента од земја со прекрасен поглед на устието...

Advertisement