Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Леб од камено доба, без брашно, млеко и квасец: Ќе го обожавате овој рецепт!

Тројца реномирани експерти, неврологот д-р Дејвид Перлмутер и специјалисти по интерна медицина, д-р Остин Перлмутер и д-р Кристин Лоберг, заеднички ја објавија книгата Детокс на умот, која открива како современиот свет длабоко влијае и активно ги манипулира нашите секојдневни одлуки, правејќи нѐ понедоверливи, болни и подебели од кога било.

Заедно со одлични совети за тоа како успешно да извршите детоксикација на умот, книгата содржи и интересни рецепти кои ќе ви помогнат во тоа, а ние ви донесуваме еден, оној за леб „од камено доба“, кој секој може да го подготви дома, и кој авторите го наведоа следното:

“Ние секогаш го имаме готов и често го споделуваме со пријателите и соседите како вкусен начин да ги запознаеме со диетата за детоксикација на умот. Не мора да ги сечете семињата и оревите; користете ги цели, како што се”.

Леб од камено доба

Состојки за еден леб:

100 гр сурови, несолени семки од тиква
100 гр сурови, несолени семки од сончоглед
100 гр сурови, несолени семиња од лен
100 гр семе од сусам
100 гр сурови, несолени парчиња бадеми
100 гр сурови, несолени парчиња орев
5 големи јајца на собна температура, лесно изматени
120 ml екстра девствено маслиново масло
2 лажички фина морска сол
Забелешка: Авторите нагласуваат дека сите состојки треба да бидат природно, органски одгледувани.

Подготовка: Загрејте ја рерната на 170 степени. Премачкајте сад за печење од 23 × 13 × 8 см со путер и покријте го дното со хартија за печење. Хартијата за печење премачкајте ја со путер.

Измешајте ги сите семиња и ореви во голема чинија. Додадете јајца, маслиново масло и сол и измешајте ги состојките целосно да се соединат. Пренесете ја смесата во подготвената тава за леб. Ставете го во рерна и печете околу еден час, или додека лебот не стане цврст.

Извадете го и оставете го да отстои 15 минути. Свртете ја тавата и потчукнете на дното за да го испуштите лебот врз решетката за ладење. Оставете малку да се излади пред да го исечете. Да се ​​чува во херметички затворен сад во фрижидер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Оваа кремаста торта е вистинскиот избор, кога сакате нешто слатко, или ако имате гости. Брзо се подготвува и вкусот ќе ве воодушеви. Состојки: 4...

Fool Moon

Тамара Глоба е познат руски астролог, се верува во нејзините предвидувања, бидејќи скоро никогаш не греши. Таа тврди дека оваа година, овие три хороскопски...

Fool Moon

Ф ановите со нетрпение го очекуваат продолжението на култната серија на ХБО Макс „Сексот и градот“. Така, според „Дејли мејл“, наместо Саманта (Ким Катрал...

Fool Moon

Лејди Гага е една од оние музичари од светската музичка сцена која нема што не направила – плејада хитови, го освои Златниот глобус, неколку...

Advertisement