Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Кикирики – волшебна храна за здравје и убавина

Кикириките го зајакнуваат имунолошкиот систем и коските

Кикириките не се само закуска за пиво, тие се многу поважни од тоа. Ако ги јадете секојдневно, ќе добиете протеини, витамини и минерали.

Кикириките имаат повеќе протеини од кој било друг оревасти плодови (7 g на оброк), содржат повеќе од 30 основни витамини и минерали и се добар извор на влакна и маснотии.

Кикириките содржат:

Витамин Е: Витаминот Е е антиоксиданс во исхраната кој ги штити клетките од оксидативен стрес, нормален, но штетен, физиолошки процес.

Магнезиум: Важен е за мускулната функција, вклучително и срцето, ензимската функција и производството на енергија.

Фолат: Фолат е потребен за клеточна поделба, што значи дека правилниот внес на фолати е особено важен за време на бременоста и растењето, кога децата растат брзо.

Бакар: Бакарот е неопходен за формирање на црвени крвни клетки и за здрави вени и нерви, имунолошкиот систем и коските.

Фосфор: Важен е за формирање на заби и коски, раст на клетките и мускулна работа. Исто така, му помага на телото да ги претвори витамините во клеточна енергија.

Влакна: Влакната ја заситуваат исхраната и влијаат на чувството на глад, односно го продолжуваат чувството на ситост на една личност. Помагаат и при варење.

Кикириките се исто така богат извор:

Ниацин: Ниацинот е важен витамин Б кој помага во претворање на храната во енергија, му помага на дигестивниот и нервниот систем и има позитивен ефект врз кожата.

Манган: Манган е важен за обработка на холестерол и хранливи материи, како што се јаглехидрати и протеини.

Се разбира, тука е предупредување да не претерувате со количината што ја консумирате.

Создаваат блескава и затегната кожа
Состојките кои се наоѓаат во кикириките ја одржуваат кожата сјајна и блескава. Освен тоа, диеталните влакна во ова растение помагаат организмот да се ослободи од вишокот токсини, со што кожата станува беспрекорно мека и сјајна. Од друга страна, кикириките со нивната содржина на магнезиум, може да ги смират нервите, крвните садови и мускулите, со цел да се забрза протокот на крв во кожата.

Го спречуваат опаѓањето на косата
Покрај тоа што кикириките се корисни за убавината, тие го спречуваат и губењето на косата. Благодарение на витаминот Ц кој се користи во зголемување на производството на колаген, кикириките може да го спречат опаѓањето на косата. Исто така една состојка која се наоѓа во кикириките се користи и во многу третмани за лечење на ќелавост, додека пак омега 3 масните киселини може да влијаат на фоликулите на влакното и севкупниот раст на косата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Топ моделот Александра Агостон е заштитно лице на кампањата на брендот Викторија Бекам за сезоната есен/зима 2021 година. Колекцијата, инспирирана од денешните потреби, снимена...

Fine Living

Наместо непотребно горење на дрва, што денес е вообичаена практика поради хиперпродукција и при која се ослободуваат штетни емисии на јаглерод диоксид во атмосферата,...

Four Seasons

Јужнокинескиот карст на почетокот звучи како евтина роба од Ebay, но не мора да биде. Во овој случај, зборуваме за нешто толку вредно и...

Fool Moon

Карл Лагерфелд, великанот на светската модна сцена, беше еден од најголемите таленти на 20 век и во исто време колекционер со ненаситна жед кога...

Advertisement