Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Кајли Џенер донирала половина милион долари во детска болница

Кајли Џенер е често во центарот на вниманието на јавноста поради нејзиниот екстравагантен начин на живот…

Од сопственик на колекција чанти вредни милион долари, до облекување на нејзината ќерка Сторми во патики „Air Jordans“ за во градинка, таа честопати била мета на критики за нејзините постапки во минатото. Сепак, нејзиниот последен потфат може да го промени вашиот ум.

Дивата речиси донирала сума од скорор половина милион долари за изградба на болнички дом за тинејџери со рак. Донацијата ја направила во чест на нејзиниот долгогодишен пријател, музичарот Хари Хадсон, кому му е дијагностициран Хочкинова болест во 2013 година, и ќе се искористи за изградба на простор за пациенти наречен Hey I’m Here For You Teen Lounge.

Коментирајќи го нејзиниот потфат, Хадсон изјави: „Јас сум многу благодарен на Кајли за нејзиното пријателство и влијанието што го имаше врз мојот живот и мојата борба против ракот. Таа отсекогаш била тука за мене, и заедно, сакаме да најдеме начин да бидеме тука за другите млади луѓе кои се борат со оваа болест. Со помош на организацијата Teen Cancer America, успеавме да го создадеме првиот Hey I’m Here For You Teen дом во детската болница Вандербилт, каде што сите млади луѓе кои моментално се лекуваат ќе можат да се посветат на работите за кои се страствени“.

Кајли исто така е предмет на осуда затоа што не донираше доволно во кампањата GoFundMe започната за нејзиниот поранешен шминкер релативно неодамна, но сигурни сме дека се откупи за тој неуспех со неодамнешната донација во организацијата Teen Cancer America. Се надеваме дека ќе видиме уште многу вакви потфати од младата дива во следните години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Принцот Хари пристигна во Лондон без Меган Маркл. Како што дознаваме, Хари отпатувал во Англија два дена по смртта на неговиот дедо, принцот Филип,...

Cotton Club

Плетените елеци добија нова популарност минатата година и нема да се откажат од својата позиција и оваа пролет. Ги видовме во колекциите Lacoste и...

Green Tea

И, зошто тие се важни за оние кои не спортуваат? Првото нешто што ми паѓа на ум кога зборуваме за спортска исхрана е протеинот....

Fine Living

И додека познатите брендови на автомобили оставија силен белег во светот на хорологијата и модата, сега тие имаат за цел сосема поинаква сфера од...

Advertisement