Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Истражувањата покажаа: Млечните масти штитат од кардиоваскуларни болести

Оние кои внесуваат повеќе имаат предност во однос на оние кои внесуваат помалку.

Дали имате навика да внесувате повеќе млечни масти во вашето тело?

Ако одговорот е да, имаме одлични вести за вас.

Според една нова студија, оние кои консумираат повеќе млечни масти имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести, во споредба со оние кои консумираат помалку.

Меѓународен тим на научници ја проучувал потрошувачката на 4.150 испитаници на возраст од 60 години во Шведска, земја со едно од највисоките светски нивоа на производство и потрошувачка на млечни производи, со мерење на нивото на одредена масна киселина во крвта, која главно се наоѓа во млечната храна.

Експертите потоа ја следеле групата, во просек 16 години, за да набљудуваат колку од нив имале срцеви, мозочни и други сериозни последици во циркулацијата, и колку од нив умреле. По статистички прилагодувања за други познати фактори на ризик за кардиоваскуларни болести, истражувачите открија дека оние со високо ниво на масни киселини, што укажува на висок внес на млечни масти, имаат најмал ризик од кардиоваскуларни болести.

Тимот потоа ги потврди овие наоди кај други популации, откако ги комбинираше шведските резултати со 17 други студии во кои беа вклучени речиси 43.000 луѓе од САД, Данска и Обединетото Кралство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement