Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Има 54 години и пет деца, а изгледа како бомба: Поранешната сопруга на Еди Марфи мами воздишки и сето тоа благодарение на една навика…

И покрај тоа што веќе е во шестата деценија, сепак изгледа многу подобро од многу девојки во триесеттите години.

Никол Мичел Марфи, поранешна манекенка и поранешна сопруга на актерот Еди Марфи, привлекува внимание секогаш кога ќе се појави во јавноста.

Таа отсекогаш имала совршена линија, а во последните неколку години изгледа, велат многумина, подобро од било кога. Сепак, манекенката вели дека не секогаш било се така одлично.

  • Кога првпат се породив, не ни помислував на тренинзи. Не одев во теретана, бидејќи моето тело воопшто не се промени – изјавила еднаш Никол.

Таа има пет деца со Еди Марфи, а најстарата од нив, Брија, има 32 години и неодамна се омажи за актерот Мајкл Хавиер. Нејзината мајка ги маѓепса сите присутни со совршен тоалета на свадбата.

Поранешната манекенка беше искрена и призна:

  • По втората бременост килограмите се натрупаа и знаев дека морам да почнам да вежбам ако сакам да изгледам убаво – продолжила Никол.
  • Пет-шест пати неделно одам во теретана, каде правам комбинирани кардио тренинзи и вежби за сила – откри таа.

Многу жени имаат разни изговори, но кај неа нема оправдување.

  • Секој може да одвои по еден час дневно за тренинг, нема изговори. Можете да вежбате и дома – таа е експлицитна.

За нејзината одлична линија е заслужна и здравата храна. Таа најмногу јаде храна богата со протеини и растителни влакна, а избегнува слатки и јаглехидрати секогаш кога може.

Иако веќе зачекори во шестата деценија, напоменува дека ништо не и е тешко во текот на денот. Таа ужива да си игра со внуците, да готви, да пазарува и да тренира.

Рекла и дека секоја жена која се сака себеси треба да биде дисциплинирана, бидејќи само така може да биде најдобрата верзија од себе.

Поранешна ријалити ѕвезда која извесно време се забавуваше со НБА ѕвездата Мајкл Џордан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Route 66

Ferrari го започна развојот на моделот Purosangue во 2017 година и официјално ја потврди веста за производството на својот прв SUV една година подоцна....

Fool Moon

Најстариот син на Николас Кејџ изгледа сосема поинаку од неговиот славен татко, но се чини дека имаат заедничка слабост кон жените… Вестон Кејџ Копола...

Cotton Club

Кајли Џенер (25) деновиве е во Париз и ревносно ја следи Модната недела, но модните трендови ги диктира само она. Кајли Џенер на модната...

Fool Moon

Познатата двојка неодамна се раздели, а сега за прв пат беа фотографирани заедно на натпревар кој го играше нивниот син.Познатата пејачка Шакира и нејзиниот...

Advertisement