Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Идеално освежување за летните денови: Пет причини зошто треба да јадете лубеница што почесто

Уживајте во неговите плодови во текот на целото лето!

Сезоната на лубеница конечно започна, така што веќе можеме да уживаме во нејзините први плодови.

Лубеницата е зеленчук без маснотии, која содржи многу малку натриум и многу витамини здрави за нашето тело.

Нутриционистот Ким Роз истакнува дека лубеницата обезбедува многу потребни хранливи материи кои се неопходни за целото тело.

Освен вкусниот плод, можете да ја консумирате и кора бидејќи е богата со растителни влакна, како и слаткото розово месо, а може да ги јадете и семките затоа што се богати со протеини.

Ова се само некои од придобивките што ги има лубеницата:

Нутритивна вредност на лубеницата
Една чаша лубеница содржи 0,2 грама маснотии, 11,5 гр јаглехидрати, 0,6 гр растителни влакна, како и многу други хранливи материи.

Бидејќи содржи многу малку натриум, се смета дека овој зеленчук е многу добар за срцевите пациенти.

– Бидејќи лубениците се природно без маснотии и содржат малку натриум, тие нема да доведат до зголемување на крвниот притисок или нивото на холестерол. Со други зборови, лубеницата е одлична за здравјето на вашето срце – истакнува Роз.

Добро е за хидрирање на организмот
Лубеницата обезбедува околу 20 проценти од вкупниот препорачан дневен внес на вода, поради што треба да ја јадете што е можно почесто во текот на летните денови.

– Водата е потценета хранлива состојка, а лубеницата е полна со вода. Секоја клетка во нашето тело бара вода за да функционира. Водата е особено важна во текот на летните месеци, кога дехидрираноста е почеста – објаснува Роз.

„Гориво“ за вежбање
Лубеницата содржи Л-цитрулин, што е одлично ако сакате да ја намалите болката во мускулите после вежбање.

Доведува до подобар проток на крв, што овозможува снабдување со кислород до мускулите, поради што воспалението се намалува побрзо.

Помага при слабеење
Ако сакате да одржувате здрава телесна тежина или да изгубите тежина, воведете лубеница во вашата диета што е можно почесто. Бидејќи содржи многу вода, откако ќе јадете лубеница, нема да бидете гладни долго време. Исто така, лубеницата е нискокалорична храна што може да биде дел од секој оброк.

Одлична за кожата
Лубеницата содржи ликопен, што е многу важно кога станува збор за здравјето на нашата кожа.

– Дневната потрошувачка на храна богата со ликопен може да ја заштити кожата од штетни сончеви зраци. Исто така, витамин Ц, кој се наоѓа во лубеницата, е потребен за да се стимулира производството на колаген, што и помага на кожата да изгледа помлада и поцврста – објаснува диететичарката Саманта Касети.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Нијанси инспирирани од птици. Dior Makeup се подготвува за претстојната есенска сезона со колекција наречена „Birds of a Feather“, која се состои од палети...

Wall Street

Многу Олимпијци, освојувачи на златни, сребрени или бронзени медали, претставуваат луѓе богати по дух, но и по пари … Како што знаете многу добро,...

Green Tea

Овесната каша е богата со диетални влакна кои го стимулираат варењето, го балансираат шеќерот во крвта и го зајакнуваат имунитетот, и се наметнува како...

Fool Moon

Стресот е толку сеприсутен во нашите животи што сме скоро навикнати на него – би било чудо ако не се нервираме кога ќе се...

Advertisement