Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Здрава кремаста супа од 4 состојки што ќе ја обожавате

Ако сакате вкусна супа богата со хранливи состојки и лесна за подготовка, ова е вистинскиот рецепт за вас. Сè што ќе ви треба се само четири состојки и неколку зачини.

Потребни состојки:

  • два поголеми моркови
  • 300 грама црвена леќа
  • лук
  • 100 мл пасирани домати

Начин на подготовка:

Загрејте маслиново масло, а потоа додајте ги морковите што претходно сте ги изрендале и оставете ги да се готват 5 минути на пониска температура. Додајте го лукот исечен на поголеми парчиња, па оставете да се готви уште една минута. Додајте ја леќата, која претходно ќе ја измиете под ладна вода и потоа наполнете го тенџерето со вода така што водата ќе ги покрие сите состојки.

Гответе 20 минути или додека леќата не омекне и потоа тргнете ја од шпоретот. Ако е потребно, додајте вода за време на готвењето. Ставете ги зготвената леќа, морковите и лукот во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса. Турете ја смесата во подлабок сад, додајте ги пасираните домати и вода по потреба. Од зачините, користете сол, бибер и 1/3 лажичката цимет.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Секој од нас може да посака прекрасен и совршен одмор од соништата, во рамките на волшебните и бајковити Алпи, задолжени за создавање идеална позадина...

Route 66

Rimac Automobili на својата Фејсбук страница објави дека наскоро ќе започне сериското производство на нов електричен хиперавтомобил – моделот C_Two. Предсериската фазата започна со...

Fool Moon

Има само 22 години и за неколку минути го освои целиот свет. Инаугурацијата на Џо Бајден, како 46-ти претседател на САД, останува свежа тема....

Green Tea

Може ли да издржите барем 7 дена без слатки? Диета без јаглени хидрати е вид на диета со која се избегнуваат разни форми на...

Advertisement