Дојде убавото време и сега е крајно време доколку сакате да го доведете изгледот до совршенство, а проблемот со т.н. кора од портокал ви го расипува расположението.
Отстранувањето на целулитот е нешто што ја интересира секоја жена и речиси и да не постои човек на овој свет кој нема барем мал проблем со постојаниот целулит.
Посегнуваме по разни подготовки, тренинзи, но забораваме на исхраната и внатрешната детоксикација, која може да ни помогне да се ослободиме од оваа појава.
Она што најдобро делува на целулитот е храната која содржи антиоксиданси, диуретици и детоксификатори, а со тоа ги согорува мастите и ги отстранува токсините. Постои еден пијалок во комбинација со неколку хранливи намирници, со чија употреба можете да постигнете неверојатен ефект.
Состојки:
2 зелени јаболка
1 анасон
1 китка од коријандер
1 китка листови спанаќ
½ лимон
корен од ѓумбир
Сè што треба да направите е да ги исчистите и измиете сите состојки, а потоа да ги ставите во соковник и сè да измешате. Се препорачува да се консумира најмалку еднаш дневно во текот на две недели или додека не забележите промена.
Овој зелен напиток нека биде вашиот летен омилен пијалок и ефикасно решение во борбата за совршен изглед. Покрај тоа, овие состојки содржат многу витамини и минерали, па ќе му направите услуга на целото тело, а вашата кожа ќе биде затегната и хидрирана.