Доколку сакате да ја доведете линијата во ред пред летото, ова е вистинско време да започнете со поинаква диета.
Вишокот килограми не е само естетски проблем. Тоа доведува до разни болести како што се дијабетес, хипертензија, замастен црн дроб, срцеви заболувања и го зголемува ризикот од рак.
Доколку сакате да ослабете, треба да консумирате храна која е богата со растителни влакна, бидејќи дава чувство на ситост неколку часа, што придонесува за намалување на апетитот и го поттикнува варењето.Состојките содржани во овој појадок ви обезбедуваат доволно енергија за нормално функционирање во текот на целиот ден, а влакната ќе ве направат сити.

Појадок број 1
Состојки:
банана
портокал
2 лажици бадеми
2 лажици ленено семе
2 свежи или суви смокви
1/3 чаша вода
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте додека не се изедначи. Потоа пијте додека е свеж. Напомена: доколку користите суви смокви, пред употреба потопете ги половина час во вода.

Појадок број 2
Состојки:
чаша малини (или некое друго овошје од бобинки)
јаболко
банана
1/2 лимон
лажица ленено семе
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете мазна маса, па пијте додека е свеж.
Состојки:
2 киви
1 банана
1/2 јаболко
портокалова
лажица ленено семе
лажица лешници
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и се меша додека не се добие мазна маса, се пие додека е свеж.

Појадок број 3
Состојки:
2 киви
1 банана
1/2 јаболко
портокалова
лажица ленено семе
лажица лешници
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и се меша додека не се добие мазна маса, се пие додека е свеж.