Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Зајакнете го вашиот имунитет и заштитете се од инфекции со зелено смути направено од овошје и зеленчук…

Сокот од свежо овошје и зеленчук содржи многу течност неопходни за обновување на клетките и општото здравје на организмот.

Кељот и спанаќот во овој рецепт обезбедуваат мега дози на витамин Ц и претставуваат вистинска инјекција на антиоксиданси. Покрај тоа, тие содржат калциум, фолна киселина и растителни влакна, кои сите заедно помагаат за зајакнување на имунитетот и заштита од инфекции.Кивито, мангото и ананасот му даваат на пијалокот сладост и повеќе витамин Ц, а мангото е познато и по тоа што штити од рак и го намалува нивото на холестерол во крвта.

Ѓумбирот е одличен сојузник и за зајакнување на имунитетот, а познат е и по своите антиинфламаторни и аналгетски ефекти. И на крај, тука е и лимонот, кој е уште една одамна позната лековита намирница: го штити здравјето, го зајакнува имунитетот, штити од воспаленија и го чисти организмот од штетни материи и делува како природен антибиотик.

Состојки:

1 шолја исечкани листови кељ и спанаќ
1,5 шолји незасладено бадемово млеко
1,5 шолја исечен ананас, манго и киви
половина лажичка свежо рендан ѓумбир
сок од половина лимон

Подготовка:

Спанаќот и кељот ставете ги во блендер заедно со бадемовото млеко и убаво измешајте.
Потоа додадете го исеченото овошје, ѓумбирот и лимонот и измешајте додека не добиете мазна течност.
Ако ви се чини дека напитокот е премногу густ, додадете бадемово млеко додека не се разреди доволно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Route 66

Ferrari го започна развојот на моделот Purosangue во 2017 година и официјално ја потврди веста за производството на својот прв SUV една година подоцна....

Fool Moon

Најстариот син на Николас Кејџ изгледа сосема поинаку од неговиот славен татко, но се чини дека имаат заедничка слабост кон жените… Вестон Кејџ Копола...

Cotton Club

Кајли Џенер (25) деновиве е во Париз и ревносно ја следи Модната недела, но модните трендови ги диктира само она. Кајли Џенер на модната...

Fool Moon

Познатата двојка неодамна се раздели, а сега за прв пат беа фотографирани заедно на натпревар кој го играше нивниот син.Познатата пејачка Шакира и нејзиниот...

Advertisement