Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Започнете го денот здраво: грчки јогурт со овесна каша и овошје

Вклучете ја оваа кремасто-сочна комбинација во вашето мени барем еднаш неделно. Исклучително е вкусен, просто се топи во уста, а разладен како сладолед. Идеален е за појадок, а може да се послужи и како десерт. Слободно понудете им го на најмалите, сигурно ќе им се допадне.

Грчкиот јогурт има одлични хранливи својства, содржи калциум, протеини, пробиотици, јод и витамин Б12.

Состојки:

4 банани
450 гр грчки јогурт
4 лажици овесна каша
овошје по избор (малини, боровинки, киви…)
неколку капки сок од лимон
мед (опционално)

Подготовка:

Во подлабок сад истурете грчки јогурт, додадете овесна каша, измешајте сè рамномерно, па ставете го сечканото овошје. Ако сакате, наместо свежо, можете да додадете ситно сечкани ореви или лешници, како и суво овошје. Сè е прашање на вкусовите и намирниците што ги имате во куќата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement