Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Една од најздравите намирници – Вистинско витаминско чудо: Еве за што е добро кивито

Дознајте сè за позитивните здравствени ефекти на кивито!

Пристигна сезоната на киви, егзотично овошје со потекло од Кина. Првобитното име му е „кинеско диво грозје“, но Новозеланѓаните, кои се одговорни за дистрибуцијата на ова овошје низ светот, му го дале името „киви“ – затоа што ги потсетувало на истоимената кафена птица. Од Нов Зеланд ова овошје стигна и до нашиот регион каде што се одгледува последните четириесет години. Кивито е познато како една од најздравите намирници. Полн е со антиоксиданси, влакна, калиум, витамини А, Ц и Е, поради што позитивно влијае на здравјето – прочитајте повеќе за него во продолжение!

Ги штити очите

Киви содржи лутеин и зеаксантин, супстанции кои природно се наоѓаат во човечкото око. Лутеинот помага да се филтрира штетната сина светлина, која помага во спречување на болести на очите предизвикани од стареење.

Го намалува ризикот од рак

Антиоксидансите од киви помагаат да се отстранат слободните радикали од телото. Слободните радикали се нестабилни молекули кои телото ги произведува за време на метаболизмот и другите процеси. Ако се акумулираат премногу слободни радикали, тие може да предизвикаат оксидативен стрес, што може да предизвика оштетување на клетките – сето тоа може да доведе до проблеми како што се срцеви заболувања или рак. Накратко, киви го намалува ризикот од рак.

Добро е за здравјето на срцето

Според едно истражување, едно киви изедено наутро може да делува како аспирин кој го спречува формирањето на згрутчување на крвта. Кивито спречува таложење на наслаги на ѕидовите на артериите, поради што е исклучително важно за одржување на здравјето на срцето и крвните садови.

Го штити респираторниот систем

Благодарение на витаминот Ц, кивито помага во спречување на респираторни заболувања, а особено е делотворно кај децата. Истражувањата покажаа дека 5 до 7 киви неделно може да ја намалат кашлицата, отежнато дишење и иритацијата на носот.

Добар и за дигестивниот систем

Кивито најчесто се јаде сирово, поради што можеме целосно да ја искористиме неговата хранлива вредност. Благодарение на своето богатство со витамин Ц, влакна и антиоксиданси, кивито помага во работата на цревата и спречува запек. Научните истражувања покажаа дека влакната од ова овошје влијаат и на размножување на посакуваните пробиотски бактерии кои го зајакнуваат имунитетот и спречуваат размножување на патогени бактерии.

Придонесува за здрава и убава кожа

Витаминот Ц, со кој е богат кивито, придонесува за производство на колаген, клучна компонента во клетките и органите низ телото, вклучувајќи ја и кожата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement