Што се однесува до содржината на витамин Ц, кивито е далеку пред портокалот и ананасот. Покрај тоа, тој е богат со растителни влакна, кои се неопходни за подобро дигестивно здравје и варење, а го содржи и ензимот актинидин, кој исто така учествува во подобрувањето на овој важен процес во организмот, тврди руската докторка Елена Малишева.
Едно истражување во кое учествувале возрасни лица со хроничен запек покажа дека после еден месец консумирање две киви дневно, тие имале 23 отсто помалку проблеми и го намалиле времето на варење за 15 часа. Односно, функцијата на нивните црева е подобрена двапати.
Лекарот потсети дека се смета дека имате запек кога ги празните цревата помалку од три пати неделно.Овој проблем е многу чест и се верува дека околу 42 милиони луѓе во светот страдаат од него и дека почесто се јавува кај жените отколку кај мажите.
За да избегнете запек, многу е важно вашата исхрана да биде урамнотежена и разновидна, а ова се намирниците што треба да ги избегнувате доколку имате проблем со запек
Млечни производи
Луѓето кои не можат да го обработат шеќерот во млечните производи може да доживеат запек или дијареа по консумирањето млеко. Ако имате запек, треба да избегнувате млечни производи за да избегнете надуеност.
Пржена храна
На мастите им е потребно подолго време за варење од овошјето и зеленчукот, потребни им се 24 часа. Ако имате запек, избегнувајте храна која се пржи на масло или путер.

Бел ориз
Белиот ориз не поминува брзо низ цревата, па нутриционистите советуваат да консумирате кафеав ориз бидејќи содржи повеќе влакна.