Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Дали се потите повеќе од вообичаеното?

Не е само до времето.

Траги од пот под пазувите и лепливи дланки – непријатен проблем, особено кога се подготвувате да излезете со некој близок или на состанок со некои важни клиенти. Но, пред да го обвинувате времето, всушност постојат многу други можни причини зошто постојано се потите.

Еве шест причини за прекумерно потење и како да се справите со нив:

Стрес

Кога вашиот мозок согледува закана, тоа предизвикува одговор на нашето тело „борба или бегство“. Вашето тело оди во режим на висока подготвеност и ослободува кортизол и адреналин. Вие се потите за да го одржите вашето тело ладно. Значи, ако сте премногу напнати пред голема презентација или претстојни рокови, одвојте малку време за себе, тргнете се од работната маса и направете вежби за дишење – тоа ќе ви помогне да се оладите.

Кофеин

За жал, вашата дневна шолја кафе може да биде виновна за вашиот грозен „пот-лепенка“ под пазувите. Кофеинот што се наоѓа во кафето постојано го активира вашиот нервен систем и телото се поти за да ја регулира внатрешната температура.

Вашата тежина

Ако имате прекумерна тежина, тоа може да придонесе за проблем на прекумерно потење. Високите нивоа на телесни масти ја зголемуваат телесната температура. Потребно е и повеќе напор за движење со поголема телесна тежина, а со тоа и зголемено потење.

Подивени хормони

Вашиот менструален циклус, бременоста и менопаузата може да предизвикаат сериозни хормонални промени и нерамнотежа. Ова ја зголемува вашата основна температура на телото како резултат на зголемувањето на нивото на прогестерон. Тоа е исто така причина што многу жени доживуваат топли бранови за време на менопаузата, ненадејно чувство на топлина на лицето, вратот и градите.

Лекови

Лековите како антидепресиви и некои лекови против болки можат да имаат несакани ефекти. Ако се сомневате дека прекумерно се потите поради лекови, најдобро е да разговарате со вашиот лекар за тоа.

Вежби

Дали по тренингот, после неколку часови, чувствувате топлината? Покачената температура на вашето тело може да опстојува по интензивната сесија на вежбање. Во овој случај, можеби не е толку лошо, бидејќи може да биде знак за побрз метаболизам, кој ви помага да согорувате повеќе калории.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Закотвен во бетонскиот океан Хонг Конг, трговскиот центар Whampoa има невообичаена глетка што го рефлектира поморското наследство на градот, но исто така овозможува и...

Four Seasons

Маурициус има една необична коинциденција, а тоа е дека една од неговите најпознати туристички атракции е прилично слична на нејзиното знаме. Имено, знамето на...

Green Tea

Глобалниот тренд на фототерапија се појави пред неколку години. Селфито со футуристички маски кои испуштаат црвено, сино или зелено светло беа објавени од главните...

Cotton Club

Ниту една жена не може да одолее на овој моден додаток! „Headband“ венчиња како оние што ги прослави Блер во серијата „Gossip Girl“ се враќаат на модната сцена....

Advertisement