Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Дали е вистина дека спортот го забавува стареењето

Лек против брчки.

Моќта на редовната кондиција е импресивна: вежбањето може да ви помогне да изградите мускули, да спречите хронични болести и да ја подобрите фигурата. Но, има уште една придобивка од физичката активност што заслужува внимание: дури и умерено количество вежба прави да изгледате помладо.

Се разбира, нема да можете да ја промените возраста, но вежбањето може да го подобри вашето здравје до тој степен што изгледате и чувствувате помлади одошто сте. Ајде да зборуваме за главните предности на спортот, благодарение на што ќе изгледате помлади од вашите години.

Подобрување на состојбата на кожата
Истражувачите од Универзитетот Мекмастер во Онтарио проучувале мала група возрасни на возраст од 20 до 84 години. Кожата кај луѓе постари од 40 години кои вежбале била младешка и еластична како кај луѓето на возраст од 20 до 30 години. Истражувачите велат дека вежбите создаваат супстанции во телото кои помагаат во забавување на стареењето на кожата, иако тие објаснуваат дека се потребни повеќе истражувања за да се открие како точно вежбање го менува составот на кожата.

Наплив на енергија
Вежбањето е како природен енергетски пијалок, го буди вашиот мозок и тело, така да се чувствувате освежени и ревитализирани. Вежбањето прави телото да се чувствува енергично, а секојдневните активности стануваат помалку заморни и бараат помалку напор.

Спортот го забрзува метаболизмот
Како што стареете, метаболизмот природно се забавува, така што со возраста станува сè потешко да се избегне вишок килограми. Вежбањето ви помага да го зголемите вкупното согорување на калории и да одржувате стабилна здрава тежина. Колку повеќе мускул имате, толку побрзо согорувате калории. Покрај тоа, ако вежбате рано во текот на денот, метаболизмот станува уште побрз.

Спортот може да го продолжи животот
Вежбањето не прави само да изгледате помладо – тоа всушност може да го запре процесот на стареење на вашите хромозоми, благодарение на теломерите на краевите на хромозомите кои го контролираат стареењето. Теломерите се скратуваат со возраста, додека подолгите теломери се поврзани со долговечноста. Најновите истражувања откриле врска помеѓу редовното вежбање и издолжувањето на теломерот, што укажува на тоа дека вежбањето може да го продолжи животниот век.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement