Сите сакаме слатки.
Особено оние што се прават брзо и лесно.
А дури ако е торта, уште подобро.
Знаеме дека ќе помислите дека нема торта што може да биде подготвена брзо, но ние веднаш ќе ве демантираме со рецептов.
Ќе направите бела торта Хуанита, буквално, 15 минути.
Состојки:
- 200 гр наполитанки
- 10 лажици шеќер
- 1 литар млеко
- 500 гр шлаг
- 2 вреќи желатин

Подготовка:
Сварете го млекото и шеќерот и оставете ги да се изладат, а потоа додадете два желатина кои претходно ќе ги промешате во малку вода. Изматете 400 грама шлаг со млеко и шеќер, а потоа изматете го добиениот шлаг со претходно зготвен шеќер и млеко.
Покријте ја тавата или калапот со проѕирна фолија и таму истурете дел од белата смеса, а на останатите додадете ги наполитанките што претходно сте ги распаднале.
Измешајте го сето тоа добро да се соедини, па истурете го во калапот. Потоа ставете го во фрижидер да се стврдне и за тоа време изматете ја преостанатата шлаг и кисела вода или млеко, а откако ќе се излади тортата украсете ја со шлаг.