Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Брокулата е вистинска витаминска бомба: 7 причини зошто е важно да ја јадете што е можно повеќе

Полн со минерали и витамини…

Кога велите здрава храна, повеќето луѓе веднаш помислуваат на брокула со причина.

Четири минути се доволни за подготвување на дршката на овој зеленчук, а две ќе бидат „ал денте“ за цветот, но ако ви се допаѓа помек, слободно оставете го уште една минута.

Додадете лук и маслиново масло во брокулата подготвена на овој начин и ќе добиете одлично и здраво гарнирче за риба или месо.

Одличен за слабеење
Една чаша сецкана брокула има 25 калории, помалку од 5 грама јаглехидрати, многу малку протеини и воопшто нема маснотии, но има многу корисни минерали и витамини.

Силни коски
Брокулата содржи витамин К, кој е клучен за згрутчување на крвта, здрави заби и јаки коски. Овој често заборавен чувар на срцето помага и против кардиоваскуларни заболувања.

Против настинки
За брокулата, исто така, може да се каже дека е одличен зеленчук, со необичен изглед, кој има изобилство на витамин Ц. Во текот на зимските денови, кога преовладуваат грипот и настинката, додајте му малку брокула на вашиот оброк, свежо исцеден сок или смути – тоа е убав украс, но и одлично за вашиот имунолошки систем.

Здраво срце и крвен систем
Брокулата исто така содржи хром, минерал кој го регулира шеќерот во крвта и помага во спречување на дијабетес, висок холестерол и болести на крвниот систем.

Ја подобрува меморијата
Доколку имате проблеми со лошо расположение, меморија и концентрација, ставете брокула во дневното мени бидејќи е добар извор на витамин Б9, или фолна киселина. Фолната киселина е одлична за црниот дроб.

Превенција од рак
Брокулата содржи активни состојки – антиоксиданти, за кои е научно докажано дека штитат од развој на малигнитет и го намалуваат ризикот од карцином на цревата, желудникот, дојката, матката и простатата.

Природна детоксикација
Изобилството на здрави состојки од овој зеленчук делува како природен чистач на токсини од телото. Тие помагаат да се исфрлат токсините и се неутрализираат штетните ефекти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Route 66

Џејмс Хетфилд е фронтмен на легендарната хеви метал група „Металика“ и голем љубител на автомобили. Неговата страст не е шопингот, туку обновување на класиците,...

Cotton Club

За сите оние кои се уморни од пижами и бањарки. Карантинот навистина падна тешко на славниот дизајнер Том Форд, што е сосема разбирливо: голем...

Fine Living

Во различните делови на светот кои ги поседува, најекстравагантните вили до сега видени, тешко е да се создаде ремек-дело што ќе се издвојува од...

Green Tea

Секое дејство што го зголемува срцевиот ритам може да се смета за доволно аеробно… Не само трчање, возење велосипед или некоја друга кардио активност,...

Advertisement