Освежителен, едноставен и најдобро од сè здрав, овој десерт е идеален за деновите кога нè удира таа „пеколна жештина“ и се што сакаме е да се скриеме во длабока сенка и да уживаме во нешто освежително. За почеток, погрижете се да ги имате сите состојки дома, а потоа фрлете се на подготовката. Погрижете се да ги удвоите бидејќи наскоро ќе одите по нова доза!
Состојки:
4 лажици џем од капини, џем од јагоди или шумски плодови
200 мл кефир или обичен јогурт
1 лажица чиа семе
1 чинија домашна гранола или неколку бадеми
Подготовка: Во сад измешајте го кефирот или јогуртот и чиа семето. Се остава да отстои, 10 до 20 минути во фрижидер. Ставете го џемот по ваш избор на дното од шолјата или садот, а потоа додадете ја смесата од кефир и чиа семе додека не ја постигнете саканата конзистентност. Одозгора посипете гранола или сечкани бадеми. На крај, врз десертот украсете со уште малку џем!