Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Американски чоколадни колачи со путер од кикирики

Едно од омилените слатки што може да се купи во Америка. Станува збор за здрави слатки колачи која ќе ја направите брзо и лесно.

Состојки:
3/4 чаша какао во прав
1 чаша кокосово масло
4 лажици мед
1/2 лажичка екстракт од ванила

За филот со путер од кикирики:
1 чаша путер од кикирики
1 лажица мед
прстофат сол

За декорација (опционално):
сечкани несолени кикирики и рендано темно чоколадо

Подготовка:

На малку загреана рингла растопете го кокосовото масло и измешајте со какаото во прав. Додадете мед и екстракт од ванила и сè добро измешајте.

Истурете ја смесата во малите слатки корпички, така што ќе наполните само 1/3 од корпите. Наредете ги корпичките на плех или даска и ставете ги во фрижидер да се стегнат, околу 15 минути.

Измешајте путер од кикирики, мед и сол – ако користите органски, несолен путер од кикирики. Извадете ги корпичките од фрижидер и истурете една лажица од смесата со кикирики во нив (ако користите поголеми корпички, ако користите мали, тогаш сипете со лажица). Вратете го во фрижидер 15 минути, додека слојот од кикирики не се стегне. Потоа врз кикириките додадете уште еден слој чоколадо и потоа оставете ги во фрижидер 2-3 часа, по што можете да ги послужите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement