Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Агаве сируп: Како настанува и кои се неговите предности?

Агаве сирупот станува сè попопуларна замена за класичниот шеќер поради неговиот многу низок гликемиски индекс (ГИ) од 27. За споредба, ГИ во медот е 83, а во белиот шеќер дури 137. Инаку, ГИ е мерка за интензитет на нивоа на гликоза во крвта после јадење одредена храна.

И додека ГИ во сирупот од агаве е низок, во исто време е посладок од шеќерот.

Помага при инфекции, го стимулира варењето …

Луѓето долго време веруваа дека агавето потекнува од семејството на кактуси поради својот изглед, но всушност е растение од семејството на лилјани. Отпорен е на високи температури, а во Европа пристигна од Мексико уште во 1561 година. Античките Ацтеки користеле мешавина од сируп од агава и сол за лекување на рани или како помош при инфекции на кожата.

Нектарот се добива од лисјата на ова растение, на возраст од седум до 14 години, кои по вадењето на сокот се сушат и се претвораат во сладок прашок, кој се користи и при подготовка на храна. Сокот потоа се филтрира и се загрева на ниска температура за да се одделат полисахаридите, а главниот е инулин кој е поврзан со намалување на нивото на холестерол во крвта и други здравствени придобивки.

24sata

Сирупот има антиинфламаторно и антибактериско дејство. Покрај тоа, содржи влакна кои помагаат во варењето на храната подобро, а исто така е добро и за зајакнување на имунитетот. Агаве сирупот, исто така, ја поддржува апсорпцијата на некои минерали, како што се калциум и магнезиум, како што потврдија научниците од Националниот политехнички институт во Мексико.

Ако одлучите да го вклучите во вашата исхрана, бидете внимателни и купете сируп добиен од лисја од агаве, а не од неговиот корен. Изберете ги оние органски, посветли бои. Имено, сирупот од агава што се обработува на високи температури има потемна боја и поинтензивен вкус.

Можете да го користите за сè и сè, од подготовка на колачи, маринади, џемови … до пецива што се прават со сусам затоа што вкусовите на сусам и агаве одат добро заедно, пренесува Атма.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Нашата кожа е составена од повеќе од 50 проценти керамид (церамид), затоа не треба да изненадува што оваа состојка игра витална улога во одредувањето...

Green Tea

Дали е паметно да се елиминира шеќерот целосно од вашата исхрана? Ограничувањето на слатките воопшто не е од корист, и може да биде опасно...

Cotton Club

Синоќешните награди „Златен глобус“ и покрај комбинираниот.н. „phygital“ формат нè враќаше во оние безгрижни времиња кога по доделувањето на наградите би сурфале по Интернет...

Fool Moon

Изненадување нè очекува на 18 март: филмот „Justice League“, чиј автор е Зaк Снајдер, ќе биде објавен на HBO Max. Пред премиерата, беа објавени...

Advertisement