ХОРОСКОП

___

Овен

Нестрпливи сте и имате проблем со воспоставувањето на комуникација, како на работа, така и во приватниот живот. Ако ги одложите преговорите и напорните активности, можеби ќе ги избегнете нервозите.

Бик

Одложете го решавањето на сите сложени прашања и не губете трпение во контактите со колегите. Претстојат напнати ситуации на работа, особено поради финансиската состојба.

Близнаци

Погрешно ја разбирате саканата личност, па ако од тоа изведете заклучок, проблемите нема да ве одминат. Пред да ја утврдите поентата, побарајте да ви ги објаснат деталите.

Рак

Немате трпение за туѓата површност, па поради тоа во попладневните часови ви следат расправии и кавги. Можете да бидете отфрлени поради вашите нагли реакции.

Лав

Помрднете се и искористете го својот убедлив шарм. На вас преостанува да ги разрешите проблемите кои постојат во семејните односи.

Девица

Преокупирани сте со вашите финансии, сепак резултатите постојано ви се измолкнуваат. Подгответе се за период на стагнација, ќе ви биде потребни многу трпение и упорност.

Вага

Бидете толерантни кон луѓето кои секогаш се на ваша страна. Вашата потреба за критика може да создаде голема напнатост и нервоза во кругот на семејството.

Шкорпија

Ако пристапите стрпливо можете да ги решите важните проблеми со партнерот. Гласно и јасно соопштете што сакате, не очекувајте тој сам да увиди како да се постави.

Стрелец

Драгоценото време го трошите во дискусија со луѓето кои не припаѓаат во вашиот свет. Ако ви е важно да се докажете, изберете го вистинското место за тоа.

Јарец

Ве мачат сомнежи, па затоа се повлекувате во себе. Наместо малодушност, соберете се и вратете си ја самодовербата. Од партнерот очекувајте пријатно изненадување.

Водолија

Ви претстои интересен ден, особено ако сте од скоро во врска. Останатите може да имаат интересна прилика за ново познанство. Оние кои се занимаваат со спорт нека внимаваат на можни повреди.

Риби

Не е добар момент за решавање на финансиските проблеми. Одложете ги сите инвестиции и деловни одлуки, бидејќи денес сте склони кон грешки.