Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Политика на приватност на веб страна

Цел на политиката

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја користите веб страната: www.runway.mk. Ги собира само оние лични податоци кои се неопходни Друштво за маркетинг услуги МЕДИА СЕТ ДООЕЛ Скопје, да ги оствари законските задачи и овластувања.

Оваа политика дава општи информации и за начинот на одговор на Друштво за маркетинг услуги МЕДИА СЕТ ДООЕЛ Скопје, на било какво нарушување на безбедноста на личните податоци, како и други права на субјектите на личните податоци кои им се гарантираат согласно Законот за заштита на личните податоци.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Друштво за маркетинг услуги МЕДИА СЕТ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Димче Мирчев бр.20/1-72.

Друштво за маркетинг услуги МЕДИА СЕТ ДООЕЛ Скопје, личните податоци ги обработува во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци се собираат

При посета на веб страната, Друштво за маркетинг услуги МЕДИА СЕТ ДООЕЛ Скопје, собира податоци поврзани со посетителите на истата.

Категории на податоци кои се обработуваат

При посетата на веб страната серверот, за секој посетител креира логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса,
  • Уредот од кој пристапувате,
  • Вашиот оперативен систем,
  • Видот на пребарувачот,
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна,
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите и
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Како се собираат личните податоци

Сите категории на лични податоци се собираат при посета на веб страната www.runway.mk.

Начела за заштита на личните податоци

Сите лични податоци кои се обработуваат од Друштво за маркетинг услуги МЕДИА СЕТ ДООЕЛ Скопје, се:

  • обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин,
  • собираат за конкретни, јасни и легитимни цели,
  • соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат,
  • точни и каде што е потребно, ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени и
  • обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки.

На субјектите на личните податоци, им се обезбедените следните права:

  • правото да биде информиран,
  • правото за пристап,
  • правото за исправка и дополнување на своите лични податоци,
  • правото да се избришат личните податоци,
  • правото на ограничување на обработката,
  • правото на пренос,
  • правото на приговор и
  • правото на автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање.

Категориите на корисници на лични податоци

Друштво за маркетинг услуги МЕДИА СЕТ ДООЕЛ Скопје, нема да споделува податоци за посетителите на веб страната www.runway.mk, со трети лице, освен со надворешниот соработник кој раководи со веб страната и офицерот за заштита на лични податоци, доколку се јави за потребно.

Време на чување на собраните податоци

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

За дополнителни информации и/или остварување на правата за заштита на лични податоци, може да биде контактиран офицерот за заштита на лични податоци Љубица Петковска, од Скопје, на следната е-маил адреса: ljubica@grey.com.mk.

Постапување во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци

Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, Друштво за маркетинг услуги МЕДИА СЕТ ДООЕЛ Скопје, веднаш и не подоцна од 72 часа откако дознал за истото ќе ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци, за нарушувањето на безбедноста на личните податоци.

Право на поднесување на барање до Агенција за заштита на лични податоци (АЗЛП)  

Доколку субјектот на лични податоци смета дека начинот на кој Друштво за маркетинг услуги МЕДИА СЕТ ДООЕЛ Скопје, ги обработува неговите  лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, може да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело, по кое Агенцијата за заштита на лични податоци, ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Барањето може да се поднесе преку веб страната на Агенцијата за заштита на лични податоци или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ на веб страната: dzlp.mk.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активностите на Друштво за маркетинг услуги МЕДИА СЕТ ДООЕЛ Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement